Некој се вратил од одмор, некој допрва ќе оди, но сите сакаме да се вратиме со добар тен.Под услов да сте користеле крема со заштитен фактор, и да не сте излегувале на сонце од 11 до 16 часот, ние можеме да ви помогнеме како да го зачувате тенот подолго време.
Пред да одите на одмор, направете детален пилинг на целото тело. Со ова ќе го вратите циклусот на клетките и тотално ќе ги обновите.
Доколку пиете многу вода, животот на вашите кожни клетки ќе се родолжи.
Хидратацијата е многу важна. Затоа секогаш намачкајте се со заштитна крема, а после сончањето ставете и крема за после сончање. Таа содржи додатни состојки за хидратација на кожата.
Некои од козметичките состојки кои ги користиме секојдневно, содржат салицилна киселина, која го забрзува белеењето на кожата. Обрнете внимание на ова.
Исхраната е исто така важна. Витаминот Е игра голема улога во бојата на кожата. Доколку редовно конзумирате овошје и зеленчук со витаминот Е, тогаш тоа сигурно ќе ви помогне.
Доколку пред да одите на одмор, пиете витамини и минерали во вид на капсули, не ја прекинувајте таа навика.