Тајната за убавината на Моника Белучи

Оваа година Моника Белучи ќе наполни 50 години, но и покрај неjзината  возраст продолжува да биде репер за женска убавина. Актерката, која зрачи со сексапил и шарм, безвременски, не ги крие своите тајни со јавноста.

Нега на кожата

Моника Белучи вели дека секое утро се капе  ладен туш,  затегнувајќи ја кожата на најлесен и природен начин. Исто така актерката е многу строга, што се однесува до хидратацијата и навлажнувањето. Секогаш носи чанта со себе минерална или термална вода, со која од време на време го освежува лицето. Белучи за шминка она очите користи растителни масла – орев, сусам или семки кои влијаат позитивно на сувата и нежна кожа во оваа област. Моника исто така признава дека е среќна, бидејќи уште во младоста сфатила дека секојдневната нега на кожата е важна и затоа сега може да се пофали со младешки изглед. Таа ги советува жените да почнат да уживаат во благодетите на козметиката од 25 годишна возраст.

 

Нега на косата

Пред миењето на косата италијанската убавица задолжително нанесува во корените  маслиново масло, оставајќи да  отстои некое време. На овој начин косата се храни и станува помека и гламурозна. Белучи исто така е категорична дека избегнува секаково топлотно малтретирање врз косата. Оставете ја да се исуши сама, исправете ја  со фен само за специјални прилики.

 

Грижа за вашата фигура

Моника Белучи тежи 68 килограми на висина 178 сантиметри и се гордее со женствената фигура. Таа ја офржува формата  претежно со јога и пливање. Не сака диети и не ги почитува истите, но се труди да се храни правилно. Секогаш појадува, бидејќи според неа појадокот  е од огромно значење за организмот. Актерката смета дека најсигурниот пат кон дебелеење и болести е брзото јадење на нога, па затоа секогаш јаде  на маса во релаксирана атмосфера.

- Реклама -