Тајната на Кејт Мос против брчките

Кејт Мос изјавила дека се плаши од брзото стареење. Таа низ целиот стан ставила огледала, за да би можела во секој момент да има увид во нејзините брчки.

„Не трошам пари на скапи креми. Го пронајдов совршениот рецепт. Главата секое утро и навечер ја ставам во сад полн со лед и краставици“, изјавила Кејт и додала дека после тоа лицето и изгледа како ново.

Kate-Moss-face

Кејт неодамна призна и дека со сопругот Џејми Кинч од едната соба во станот направила кафуле.

„Веќе не морам да бегам од папараците кога сакам да се напијам нешто, сега тоа можам да го правам и во мојот стан, односно во кафе-барот“ изјавил моделот.

- Реклама -