Тајната на фотографиите „пред“ и „потоа“

Со фина и едноставна  режија маркетингот и рекламните кампањи, како и бодибилдинг програмите и системите за слабеење заработија огромна популарност. Тие обично се придружени со сликите „пред / потоа”  – приказни кои би требало да се гаранција за автентичност и ефикасност. Интересно е гледиштето, што и воопшто не звучи нереално,  дека дел од овие слики се бесрамен фалсификат, кој во најголем дел ги поставија американските фитнес тренери, со  цел да се изобличи методот како целина.

Еден од противниците е Ендрју Диксон, фитнес тренер, кој одлучил да направи голем удар прикажувајќи  како всушност се постигнува ефектот „Пред / потоа”. За да го постигне  тоа, тој  направил монтажа на мускулна псевдотрансформација, откривајќи ни ги сите трикови.

Имено, се работи за фотосесија која трае еден час, што значи  трансформација за 90 дена, постигната за 1 час.  Диксон објасни , дека тежи околу 84 кг со 16 проценти  поткожни маснотии. Тој ја замолил неговата девојка да го фотографира.

Потоа, малку  промена во осветлувањето на просторијата (да се создаде масивна сенка на ѕидот), финално голтање на стомакот и Voila! Фотографијата  „потоа” изгледа како резултат од радикална трансформација.

Диксон прави експеримент неколку месеци подоцна, кога тежи 90 кг со 19 проценти масти. Ефектот е ист. Смислата на експериментот очигледно е дека Ендрју Диксон е доста мускулест во споредба со многумина од нас.

Сепак, разбивајќи ја илузијата за бодибилдинг индустријата, тој вели дека сака да упати порака до луѓето. Како тренер тој предупредува дека моделите кои ги гледаме во рекламите се мамење и не вреди да се земат како пример.

„Поминуваме многу време во голтање на стомакот, за да изгледаме така како што општеството сака да изгледаме. Не трошете повеќе енергија да се споредувате со целата земја. Сето ова е илузија. ”

Дали е така? Очигледно да, ако се суди според следните видеа:

 

- Реклама -