Tајната на 111-годишната Дороти: 20 цигари на ден и шери за доручек

Понекогаш, животот е ироничен, оставајќи не целосно немоќни и со зинати усти.

111-годишната вдовица Дороти Пил, потпивнува со години и пуши скоро цел живот. Таа вели: „Пиев преку целиот ден. наутро пиев по една чаша шери, за ручек пиев џин и тоник, а околу 7 попладне пиев виски. Сега, само повремено пијам малку шери“.

Решила да се откаже од цигарите кога имала 103 години, бидејќи, според докторот, имала бронхитис што можел да и го доведе животот во опасност. Пушела по 20 цигари на ден, но никогаш повторно, и покрај повремените искушенија да запали.

Dorothy-Peel-1_1592303a 2

Иронично, зборувајќи за својот поранешен и „нездрав“ живот, таа препорачува: „Толку многу цигари и алкохол не е добро за вас. Јас сум жив доказ дека малку од она што го сакаме всушност прави лично добро. Исто така, мислам дека помогна и тоа што немам деца. Веројатно тоа е причината што изгледам и се чувствувам толку добро“.

Дороти, од источен Јоркшир, сеуште свежо се сеќава на потонувањето на Титаник, а ги има преживеано и двете светски војни, вклучувајќи ги и двете бомбардирања на скривалиштата во кои била сместена.

31248

Таа раскажува: „За време на Втората светска војна, ја бомбардираа скривницата во која бевме сместени. Сепак, не бев многу исплашена. На жалост, бомбата падна во соседната куќа и моите соседи загинаа. Навистина беше тажно“.

Дороти живее во дом за стари лица веќе 13 години, а нејзиниот главен негувач ја опишува како прекрасна, неверојатно забавна и самостојна личност. „Сака да си ја одбира облеката и одбива да носи влечки. Ги обожава своите 2-инчни штикли. Многу е елегантна и владее со својот ум“.

- Реклама -