Tai Chi Zero – совршена комбинација на Кунг Фу и стимпанк (видео)

Tai Chi Zero е приказна за чудниот но магично надарен борец и неговата желба да го научи комплицираниот Чен стил на Кунг Фу.

Кога тој пристигнува во селото Чен тој открива дека ќе мора да се бори за да ја заслужи почитта на Кунг Фу Мајсторот. Тоа подразбира уништување на огромна стимпанк машина и крадење на неколку Кунг Фу потези од ќерката на Мајсторот.

Оваа нова форма на стимпанк може да биде наречена Кингпанк по Кинг Дистанијата во чие време е сместена приказната.

За жал Tai Chi Zero го има и овој ужасен трејлер наменет само за американската публика кој го претставува филмот како комедија и користи дабстеп. Да, Tai Chi Zero има елементи на хумор но сепак е филм со боречки вештини.

{youtube}6_9KK3U1LhY{/youtube}

- Реклама -