Тачи: Следната година на економски план ќе се влошува уште повеќе, единствена надеж ни се ЕУ и САД

Војната во Украина и од неа произлезената меѓународна економска криза, како и годинава, во земјава ќе биде главна карактеристика и проблем и во 2023 година, изјави лидерот на ДПА, Мендух Тачи, на предновогодишната средба со сопартијците.

Според него, за државата спасот е поддршката од ЕУ и САД.

„Моите политички анализи покажуваат дека прошлата година ќе остане забележана по агресијата на Русија и војната против Украина која ја дестабилизираше целата меѓународна заедница, нормално и нас тука. Втора работа што произлегува од ова е тешката економска криза. Не спаѓам во редот на тие политичари кои секој ден нудат надеж без покритие. На жалост, морам да кажам дека следната година од економски план ќе се влошува уште повеќе. Единствена надеж наша е ние да бидеме со нашите меѓународни партнери ЕУ и САД кои ни помагаат и се надевам дека и понатаму економски ќе ни помагаат“, порача Тачи.

Прочитајте и:  Орбан: Следуваат двата најопасни месеци од војната, Западот треба најсериозно да ги сфати зборовите на Путин

ДПА, инаку, следната година ќе одбележи 30 години од основањето.

Извор: МИА

- Реклама -