Тачи го уценува Брисел со обединување со Албанија: Штом ЕУ не прифаќа две албански држави, нека прифати едно знаме

Ако ЕУ продолжи со изолација на Косово, ќе биде разгледана можноста за институционални активности, но и референдум за обединување на Косово со Албанија, изјавил косовскиот претседател Хашим Тачи во интервју за ТВ „Дукаѓини“, алудирајќи на одбивањето на Брисел да одобри визна либерализација за граѓаните на Косово и Метохија, пренесуваат приштинските медиуми.

„Обединувањето можеме да го спроведеме преку собраниски резолуции, како и преку референдуми на Косово и Албанија, но вклучувајќи го Прешево, Медвеѓа и Бујановац“, вели Тачи, оценувајќи дека моментот за „исправање на историските неправди“ (преку обединување на Прешево, Бујановац и Медвеѓа) никогаш не бил поблиску.

Според него, однесувањето на Европската унија кон Косово покажува дека е време сериозно да се разгледа опцијата за преземање на институционални чекори кон „национално обединување“.

Прочитајте и:  Османи: Секое загрозување на правата на Албанците во С. Македонија ќе наиде на решително противење и единство на Албанците од цел Балкан

„Ако ЕУ не сака да прифати две албански држави со две знамиња, нека прифати само едно знаме“, порачува Тачи, пренесуваат приштинските медиуми.

 

- Реклама -