Трогателна приказна раскажана од еден син, кој благодарение на својата сопуга и љубовта на својата мајка, стнал подобар човек…
Кога жена ти ќе те замоли да одиш на вечера со друга жена, ќе почнеш да мислиш- мора нешто да не е во ред. Што ќе кажете ако ви кажеме дека оваа идеја испадна да биде најдобрата идеја за овој човек? Дознајте зошто…
1. Х жената
„Оди на вечера со друга жена“ звучи како добар предлог кога е даден од твојот пријател, не од твојата жена. Но, што ако Х жената е неговата мајка. Мора да бидете годри да имате сопруга која единствената идеја ѝ било да му помогне на мажот да биде подобар син.
„По 21 година брак, мојата жена сакаше да одам на вечера а потоа во кино со друга жена. Таа ми рече- Те сакам, но знам една друга жена која те сака исто така и би сакала да помине некое време со тебе.“
2. Состанокот
Секогаш е убаво кога поминуваш квалитетно време со твојата мајка. Ако твојата жена го одобрува тоа, тогаш можеш да бидеш сигурен дека ја имаш вистинската личност за сопруга. И ако таа нема ништо против фактот што носиш друга жена на вечера, можете да бидете сигурни дека таа е вистинската.
„Другата жена која мојата сопруга сакаше да ја посетам беше мојата мајка, која е вдовица 19 години, но обрските со мојата работа и трите деца ми дозволуваа да ја посетувам само понекогаш.“
3. Не постои подобра ситуација од кога жената ви овозможува да одите на вечера со друга жена- вашата мајка.
Да се оди да се собере својата мајка за вечера е малку чудно. Но, мора да се признае дека е многу убав гест. Секој пат кога ќе се види како еден син ја прави својата мајка среќна, го поттикнува секој да го направи истото, и да биде подобар човек.
„Тој петок по работа, додека одев до нејзината куќа да ја соберам бев малку нервозен. Таа си направила локни на косата и го носеше фустанот кој го носела на последното славење на годишнина од бракот. Таа се насмевна како ангел. “Им реков на пријателките дека одам на вечера со син ми, и тие беа импресионирани,“ рече таа, додека влегуваше во колата. “Тие не можат да дочекаат да слушнат за нашиот состанок“.
4. Еден убав гест како носењето на својата мајка на веечра може да ја направи неа најсреќната жена на планетата.
„Отидовме во еден ресторан, кој иако не беше елегантен, беше многу убав и комотен. Откога седнавме морав да го прочитам менито, бидејќи таа можеше да види само големи букви. Се појави носталгична насмевка на нејзиното лице. „Јас бев таа која го читаше менито кога беше мал“, рече таа. „Тогаш време е да се опуштиш и да ми дозволиш да ја вратам услугата“, одговорив јас.
5. Времето лета кога си на вечера со твојата мајка
„За време на вечерата имавме мирен разговор, и зборувавме толку многу што го пропуштивме филмот. Кога дојдов дома, мојата сопруга ме праша „Како помина на вечерата?“. „Многу добро. Многу подобро од што очекував“, одговорив.“
6. Обична приказна која не тера да размислиме за нештата што ги правиме за своите мајки…
„Неколку дена подоцна, мојата мајка почина од срцев удар. Се случи ненадејно и немав шанса да направам ништо околу тоа. Некое време подоцна, добив писмо од сметка од истото место каде вечеравме. Во него пишуваше: „Ја платив оваа сметка однапред. Не бев сигурна дали ќе бидам тука; но платив две порции- една за тебе и другата за твојата сопруга. Никогаш нема да знаеш што значеше таа вечер за мене.“
7. Семејството е најзначајната работа во нашиот живот
Дали само кога ќе сфатиме дека некого ќе изгубиме ќе почнеме да мислиме на нив. Можеме и подобро од тоа.
„Те сакам, сине.“ Во тој мометн, ја сфатив важноста на кажувањето „те сакам“ на време, и да им го дадеме времето на саканите кое го заслужуваат. Ништо во животот не е поважно од твоето семество.“