Велвет Д’Амур по потекло е од Њујорк, а моментално живее во Париз.Таа на 21 година се обидела да стане модел, но модните агенти ја одбиле со изговор дека е премногу дебела за во оваа професија, иако тогаш имала само 63 килограми. Дека упорноста и желбата да стане модел и се исплатела докажува и нејзиното учество на ревија на Џон Галијано и Жан Пол Готје и тоа кога Велвет тежела 150 килограми.
Д’Амур сега има 46 години се обидува да ги охрабри сите жени кои имаат некакви недостатоци во физичкиот изглед да бидат горди на своето тело.
„Жените во кои гледаме како во модни икони не се среќни. Ако тие не се среќни, тогаш кој е среќен“, жвели таа во интервјуто за Бастл.