19-годишната манекенка Кортни Стоден повторно се вери со својот поранешен сопруг!
Младата манекенка преку Твитер ја потврдила веста преку Твитер, каде напишала дека нејзиниот 54-годишен вереник Даг Хатчесен ја запросил. Двојката, всушност, се разведе во ноември минатата година, но сега се повторно заедно.
Тие гостувале во едно американско шоу, а Даг при тоа ѝ ја бакнал раката на својата вереница.
„Кортни сфатила колки всушност го сака Даг“, рекла мајката на Кортни. „Навистина се сакаат и сакаат да бидат заедно“, додала таа.
Во ноември Кортни тврдела дека се разделиле поради големата разлика во возраста, а се работи за 35 годишна разлика. Кортни имала само 16 години кога се земала за актерот, кој тогаш бил 51 година.Нејзиниот татко морал да го потпише брачниот документ бидејќи била малолетна.