Т25 – нов мал градски автомобил

Т25Замислете автомобил толку тесен што два можат да возат во една лента. Толку краток и мал што три можат да се паркираат во еден паркинг простор. Сега замислете дека тој автомобил е создаден во шупа, од плексиглас, стакло, рециклирани пластични шишиња и челични цевки за само една петтина од цената на современ автомобил.


Замислете автомобил толку тесен што два можат да возат во една лента. Толку краток и мал што три можат да се паркираат во еден паркинг простор. Сега замислете дека тој автомобил е создаден во шупа, од плексиглас, стакло, рециклирани пластични шишиња и челични цевки за само една петтина од цената на современ автомобил.

Т25Произведувачите на автомобили очекуваат дека до 2020 година, во светот ќе има четири пати повеќе автомобили од сега, односно околу 2,5 милијарди. Ваквите мали градски автомобили ќе помогнат да се намалат сообраќајните метежи, и може да го реши проблемот со непостоење на доволно простор за паркинзи.

Епа, ваков автомобил е веќе создаден, собира тројца луѓе, возач и двајца патници, тежи 575 килограми, може да постигне брзина од речиси 160 километри на час, и се очекува да чини околу 9000 долари. Човекот кој стои зад овој мал градски автомобил е професор Гордон Мури, кого љубителите на автомото спортовите го сметаат за херој. Во седумдесеттите и осумдесеттите тој дизајнирал болиди за F1 тимот на Берни Еклстон, Брабам. Подоцна, Мури се префрлил во Мекларен, каде што го дизајнирал болидот кој му ја донесе првата титула на Аиртон Сена. Меѓу неговите креации е и долгогодишниот рекордер за најбрз продукциски автомобил McLaren F1.

Т25Гордон Мури вели дека го напуштил светот на супер брзи автомобили бидејќи му бил потребен нов предизвик. Сега, тој заедно со истиот тим со кој соработувал во создавањето на F1, сместени во мала незабележителна градба во рурална Англија, ја создаваат иднината на градскиот транспорт. Но целта на Мури и неговиот тим не е само да го променат изгледот на малите автомобили, туку и начинот на кој истите се произведуваат. Во нивната работилница нема машини кои користат многу електрична енергија или што се штетни за околината.

Т25Производството е брзо и флексибилно, така што на истата производна лента може во ист ден да се произведат повеќе конфигурации само со мала промена на софтвер. Целта на Мури е да се создадат мали фабрики кои ќе произведуваат мали и евтини автомобили. Фабриката во која ќе се произведуваат овие автомобили ќе биде само една петтина од големината на просечна фабрика за автомоили. Аргументите на Мури полека започнуваат да ги придобиваат големите производители на автомобили, но и компании кои никогаш немале сопствено производство, па тој се надева дека со тек на време, сè повеќе производители ќе се префрлат на овој начин на производство. [F1 designer Gordon Murray unveils lightweight city car]

- Реклама -