СЗО прогласи вонредна состојба поради вирусот Зика

СЗО соопшти дека вирусот кој го пренесуваат комарци, претставува опасност за јавната состојба во светот поради што е неопходен итен и единствен одговор.
Откако минатата седмица Светската здравствена организација (СЗО) предупреди дека Зика вирусот се шири експлозивно, денеска следуваше прогласување на глобална вонредна ситуација.

zika

Светските медиуми објавија дека СЗО го ставила вирусот Зика во иста категорија со еболата, кога е меѓународната загриженост во прашање.

Ова е соопштено после кризниот состанок на СЗО на кој експертите разговараа дека меѓународните напори за уништување на епидемијата треба итно да бидат засилени.

Во разговорите учевствуваа 12 независни членови на комисии, кои се експерти во областа на епидемиологијата, јавното здравје и заразни болести од Северна и Јужна Америка, Европа, Азија и Африка.

Минатиот четврток, генералниот директор на СЗО, Маргарет Чен истакна дека нивото на узбуна е „екстремно високо“, иако нема докази дека вирусот Зика е виновен за наглиот пораст на бројот на бебиња родени во Бразил со абнормално мали глави.

СЗО проценува дека во Северна и Јужна Америка следната година би можело да има дури четири милиони случаи заболени од овој вирус.

Последен пат СЗО прогласи глобална вонредна состојба во 2014 година поради епидемијата ебола, потсетуваат американските агенции.

- Реклама -