Вирусот, уште долго ќе биде со нас, велат од Светската здравствена организација.
Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус вели дека епидемијата на коронавирусот, иако во Западна Европа е „навидум стабилна или опаѓа“, сепак има загрижувачки нагорни трендови во Африка.
Вели дека истото се случува во Централна и Јужна Америка и источна Европа.
„Уште многу ни останува да направиме. Овој вирус ќе биде долго време меѓу нас“, рече Гебрејесус.
Во светот се регистрирани околу 2.6 милиони случаи.
Од последици од коронавирусот пoчинaa повеќе од 180 илјади луѓе, а над 710 илјади се излекувани.
Дел од европските земји ги олабавуваат мерките.
Во Франција најмалите тргнуваат на училиште.
Во меѓувреме, се тестира вакцина која би помогнала за сузбивање на Ковид 19.