СЗО: Депресијата е водечки фактор за работна неспособност во светот

Депресијата е водечки фактор за лоша здравствена состојба и работна неспособност во светот. Од депресија страдаат околу 322 милиони луѓе во светот, а во изминатите десетина години бројот на заболени е зголемен за повеќе од 18 отсто, соопшти Светската здравствена организација (СЗО).

Немањето поддршка кога е во прашање таквото ментално пореметување, во комбинација со стравот на заболениот поединец од стигма, резултира со тоа многумина да немаат пристап до неопходното лекување што ќе им овозможи здрав, продуктивен и квалитетен начин на живот, додава СЗО во соопштението.

Како одговор, СЗО покрена кампања наречена Depression: Let’s talk, во чиј фокус ќе биде менталното здравје, а целта – да се симне стигмата околу проблемот.

МИА

- Реклама -