Секој што поседувал мобилен телефон во последниве 10 години треба да наздрави во име на Клиф Кушлер, човек кој беше дел од тимот што ја измисли Т9 технологијата каде што 42396 напишано на мобилен во SMS порака значи “Hadzo”. Преку годините, Клиф го сменил својот фокус кон екраните на допир, развивајќи го Swype – софтвер за брзо пишување на тастатурата од мобилен уред со влечење на прстот од буква до буква без подигнување.
Секој што поседувал мобилен телефон во последниве 10 години треба да наздрави во име на Клиф Кушлер, човек кој беше дел од тимот што ја измисли Т9 технологијата каде што 42396 напишано на мобилен во SMS порака значи “Hadzo”. Преку годините, Клиф го сменил својот фокус кон екраните на допир, развивајќи го Swype – софтвер за брзо пишување на тастатурата од мобилен уред со влечење на прстот од буква до буква без подигнување. Најдобар пример е играта со поврзување на точки.
Моментално, оваа апликација може да се користи само на 6 телефони, но со нејзиното лансирање за Android оперативниот систем, таа бројка драстично ќе порасне. Сè уште не се знае дали само одредени верзии на Android ќе ја подржуваат, па останува да почекаме на нови вести деновиве.
Неодамна преку овој софтвер беше постигнат Гинисов рекорд за најбрзо пишување текст на мобилен уред. [swypeinc.com]