Модната ревија во Париз е настан кој не смее да се пропушти!
Реалити ѕвездата Ким Кардашиан отиде во Париз со нејзината помлада сестра која е се повеќе барана како манекенка. Таа и Кендал Џенер беа на мета на папараците само што слетаа во модната престолнина за да присуствуваат на ревијата на Валентино.
Ким носела фустан во нејзин стил, тесен со длабоко деколте, се разбира без градник, за да ги нагласи своите атрибути со кои се прослави.
Во Париз секогаш е возбудливо за семејството Кардашиан, па по една ревија сестрите отишле на ревијата Balmain каде ја смениле својата облека и се пофалиле на Инстаграм.