Бројни познати светски ѕвезди секој ден се огласуваат преку социјалните мрежи за помош на поплавените области на Балканот.
Популарната американска ѕвезда, со српско потекло, Коко Ти, повикува на помош за поплавите во Србија.
Британскиот актер Стивен Фрај се придружил на поддршката на народите од Баканот загрозени од поплавите.
Популарниот холандски готвач и ТВ ѕвездата на каналот „24 Kitchen“, Рудолф ван Вин подготвува вечера за евакуираните семејства.
А познатиот гитарист Марк Нофлер, лидер на легендарниот бенд “Dire Straits” упатил порака за подршка на жртвите од поплавите и им посветил песна: „Оваа песна е за Србија, Босна и Херцеговина и Хрватите во Славонија. Во овие тешки времиња, останете силни наши браќа!“, порачал музичарот на својата Фејсбук страна.