Светските дизајнери и нивните музи

intro_muzaДознајте каде светските модни креатори ја наоѓаат инспирацијата, кои се музите кои го насочуваат нивниот талент и како изгледа плодот од една таква соработка.

Дознајте каде светските модни креатори ја наоѓаат инспирацијата, кои се музите кои го насочуваат нивниот талент и како изгледа плодот од една таква соработка.

isabella_blow_treacy


Isabella Blow
, која почина во 2007 година, имаше навистина исполнет живот. Цимерка на Catherine Oxenberg, асистентка на легендарната Anna Wintour, другарка на Andy Warhol и една од највлијателните стилисти на светот.

За нејзината втора венчавка го ангажираше дизајнерот на шапки Philip Treacy.
 
 Isabella го препозна неговиот талент, го лансираше на модната сцена и постојано ги носеше неговите ексцентрични шапки.
  

blow_i_tracy

Таа го откри и Alexander McQueen и ја купи неговата дипломска колекција.
blow_mcqueen

Се птрпоставува дека токму Blow го убедила McQueen да го смени името од Lee во Alexander, неговото средно име.
blow_vo_a_mcqueen

Amanda Harlech има 43 години, гламурозна е, интелегентна и духовита, па затоа нема дизајнер кој не би сакал да соработува со неа. Но, иако порано му беше муза на John Galliano, таа веќе десет години и приватно и професионално го инспирира нејзиниот најдобар пријател, големиот Karl Lagerfeld.

amanda_karl_l
karl

Новата Kate Moss, Agyness Deyn и дизајнерот Henry Holland се знаат уште од деца, па не е изненадување фактот што одлично се разбираат, почитуваат и што ќе почнат да соработуваат и на заедничка колекција накит.

agyness_henry
Брендот на Henry, House of Holland, стана популарен со интересните маички кои секако ги носеше Agyness.
henryholland

Прекрасната актерка Natalie Portman му е најдобра пријателка и муза на дизајнерот Zac Posen со кого често се појавуваат на филмските премиери и забави.    
   

zac_portman

  

zposennportman

              

portman_posen

Зарем девојката која стана позната само затоа што облече Versace фустан, Elizabeth Hurley може да не биде совршена муза? Таа го инспирира нејзиниот близок пријател и дизајнер на чевли Patrick Cox.

patrick_cox_i_elizabeth_hurley

  

 Таа беше и модел во една од рекламните кампањи за чевлите на Cox.

   

elizabeth_hurley_for_patrick_cox

                                                                  
Една необична, но успешна дизајнер-муза спојка се случи меѓу креаторот Marc Jacobs и режисерката Sofia Coppola. Фотографот Mario Testino ги сликаше најдобрите пријатели за Vogue во 2004 година.

sofia_mark
Coppola беше облечена во креација на Jacobs кога го освои оскарот за најдобро сценарио во 2004 година.
sofia_2004_oscar
Во 2002 Sofia позираше за рекламата на парфемот на Marc Jacobs.
coppola_za_jacobs_parfem

whosemuse_365

  Ако сакате проверка на знаењето на оваа тема еве квиз кој ќе го задоволи вашиот апетит за тривијални информации од модните соработки.

- Реклама -