Германскиот центар Даниел Тајс го засили тимот на Монако, враќајќи се во Европа по осум сезони во НБА. Тој има искуство со тимови како Бостон Селтикс,Чикаго Булс,Индијана Пејсерс,Хјустон Рокетс,Лос Анџелес Клиперс и Њу Орлеанс Пеликанс.Во НБА одигра 411 натпревари, со просек од 7,1 поен, 4,7 скока и 1,3 асистенции по натпревар. Иако имаше понуди да остане во САД, Тајс избра да се врати во Европа и потпиша со Монако до 2026 година.
Во својата кариера, Тајс доби светска титула со Германија на Филипините во 2023 година и бронза од Европското првенство во 2022 година во Берлин. Професионалната кариера му започна во Брауншвајг и продолжи преку тимовите на Улм и Бамберг во Германија.Во 2022 година, во својот втор мандат со Бостон, играше во финалето против Голден Стејт Вориорс.
Во текот на 2024 година, тимот на Василис Спанулис, Монако, се наоѓа на четвртата позиција во Евролигата со 16 победи и 10 порази. Наредниот натпревар им е против Олимпија во Милано на 27 февруари, а остануваат уште осум натпревари до крајот на регуларниот дел од сезоната.