Светски шампион од 39 милиони долари, а живее во најобично скромно станче (ВИДЕО)

Богатството на светскиот шампион во тешка категорија – Ентони Џошуа, се проценува на околу 39 милиони долари. Неодамна, меѓутоа, тој го покажа станот во кој практично живее додека интензивно тренира, и ги запрепасти веројатно сите што не го познаваат.

 

Во скромниот стан нема ни трага од богатството и луксузот, напротив, дури и мебелот е прилично оштетен; на гарнитурите во дневната јасно се гледа дека им е излупена кожата.

„Ги имам веќе седум години. Немам намера да ги поправам, удобни се, функционални, можам да се опуштам и немам потреба да купувам нови“, вели Џошуа.

Во истата соба со дневната се наоѓа и малата кујна на Џошуа, која исто така по ништо не се разликува од кујната на секој обичен смртник на кој му е предизвик да сврзе крај со крај во месецот.

Џошуа покажа дури и што има во фрижидерот. А таму, само вода и цедени сокови. „Нема шампањ и вотка“, вели со насмевка.

Има и соба со два брачни кревети, но често спие во спална што е одвај малку поголема од креветот. Во наткасната до креветот чува крст кој го добил од мајка му.

Тоалетот подеднакво вообичаен, па дури и смрди. „Извинете за миризбата, сепак е тоалет“, вели низ смеа Џошуа.

Да, се разбира, Џошуа е милионер и покрај овој стан поседува и раскошна вила, но уверува дека не му пречи престојот и во скромно опкружување.

„Кога луѓето ќе го видат ова, често ме прашуваат зошто не се преселам. Затоа што ова овде функционира, затоа што е тивко и не многу се случува. Мирно е, секој има свое место, имам каде да спијам, имам каде да ја чувам храната, имам сè што ми треба за тренинг“.

Сепак, најдобро од сè, вели Џошуа, е што ова станче му е само на пар минути оддалечено од теретаната каде што тренира. Така што, ниту сообраќајот, ниту лошото време не може да го спречи. „Така нема изговори да не тренирам“, заклучува тој.

- Реклама -