Американскиот атлетичар Ариес Мерит постави нов светски рекорд во трката на 110 метри со пречки, откако патеката ја мина за 12,80 секунди, што е за седум стотинки побрзо од досегашниот рекорд на Дејрон Доблес.
На последниот митинг од Дијамантската лига што се одржа во Брисел, Ариес Мерит блесна со полн сјај и истрча неверојатна трка.
{youtube}DU_zb7H7u_g{/youtube}
„Ова е исполнување на сонот. Не можам да верувам, но кога го гледам семафорот, знам дека сум сопственик на светскиот рекорд“ изјави Ариес Мерит.