Светска премиера на најдолгиот филм на светот

najdolgiot_filmGerard Courant ги помина последните 30 години снимајќи го филмот „Cinematron“ кој конечно ќе биде прикажан во Авињон кон крајот на месецов. Филмот трае 150 часови (околу 6 дена!) и се состои од скечеви во кои учествуваат познати режисери, актери, филозофи и деца.


terry-gilliam_1505790aGerard Courant ги помина последните 30 години снимајќи го филмот „Cinematron“ кој конечно ќе биде прикажан во Авињон кон крајот на месецов. Филмот трае 150 часови (околу 6 дена!) и се состои од скечеви во кои учествуваат познати режисери, актери, филозофи и деца.

Режисерот Gerard Courant во 1978 година посакал да ги сними размислувањта на своите пријатели уметници. Секој од нив имал по 3 минути и 25 секунди да направи сè што ќе посака пред камера, а како што одминувало времето своите 3 и пол минути ги добиле и други познати личности, философи, актери, новинари…

На Courant најмногу му се допаднал делот со Тери Гилијам. Познатиот режисер и монтипајтоновец за време на својот скеч си поигрувал со камерата и кадрите и на крај изел банкнота од 100 франци. Courant исто така го импресионирала и снимката на седуммесечно бебе кое во помалку од четири минути покажало цел спектар од човечки емоции.

Courant најпрво сакал да сними кратки филмови за стотина луѓе и да ги спои во еден долг филм, но изгледа дека сето тоа му се допаднало па продолжил да снима. Така, во овие повеќе од 30 години настанал материјал од 150 минути, а овој мамутски филм ќе биде прикажан конечно во Авињон овој месец, за потоа да отпатува за Париз за да ја собере целата слава и пари на овој свет. (само се прашуваме колку чини картата за филм кој трае речиси шест дена?!). [The world’s longest film lasting 150 hours to be screened]

- Реклама -