Светот во вашиот дом

За да дојдете до дом каков што сонувате е многу тешко. Сѐ треба да биде совршено и сѐ да си дојде на свое место. Многу е полесно кога имате пример. Токму поради тоа ние денеска ви претставуваме еден необичен дом, кој со сигурност е уникатен и од кој можете да „украдете“ неколку идеи.

Апартманот има две нивоа и сѐ во него потсетува на патувања и авантура. Дневната соба има интересна масичка направена од стар ковчег кој потсетува на куфер, а на креветот има перници со знамињата на неколку држави. На ѕидот, пак, „виси“ мапа на светот.

1 2 3 4 5 6 7 8 9 10

 

Апартманот се наоѓа во Коста Брава и секоја соба има уникатен ентериер. Во него е употребена широка палета на бои со неутрални тонови и кафени нијанси.

- Реклама -