Светот според Wang Qingsong

intro_wangРоден во 1966, а сега веќе еден од најуспешните претставници на современата кинеска уметничка сцена, фотографот Wang Qingsong, постојано ја обработува темата на глобализацијата. Во своите дела често ги вметнува американските компании Coca-Cola и McDonald's кои се дел од потрошувачката поп култура која и во Кина си го најде своето место меѓу младите.

Роден во 1966, а сега веќе еден од најуспешните претставници на современата кинеска уметничка сцена, фотографот Wang Qingsong, постојано ја обработува темата на глобализацијата. Во своите дела често ги вметнува американските компании Coca-Cola и McDonald's кои се дел од потрошувачката поп култура која и во Кина си го најде своето место меѓу младите.

thinker_1998
Според Wang, користењето на вакви брендови има поразлично значење на истокот, навлегувањето на западните влијанија драстично ја менува Кина, а младите таму сосема ја забораваат традицијата. Одењето во McDonald's дури се смета за некој вид престиж и луксуз, само затоа што доаѓа од запад.

catcher_1998

Wang гледа дека идеалите, почитта кон старите херои и секоја надеж за подобро утре се губат, а се јавува само нескротлива желба за пари и моќ.

requesting_buddha_series_no._1_1999


Imperior Sedan
е слика која документира дел од историјата на Кина, каде претставник на централната моќ има пријателски однос и отворена комуникација со обичниот народ. Wang Qingsong ја создаде современата верзија на ова дело.

Imperior Sedan
imperior_sedan

Can I Cooperate with You?, 2000
can_cooperatewithyou2000

Court Lady with Flowers
court_lady_with_flowers_

Сликата го претставува благородничкиот живот на четири конкубини и две дворски дами, кои си играат со куче, берат цвеќе, држат свилени ладала. Денес, според Wang тоа изгледа вака

New Women, 2000
Прочитајте и:  Вештачка интелигенција ја создаде празничната магија на Coca-Cola
new_women_2000

Минато, сегашност, иднина 2001

Поставеноста на моделите во скулптурата е во манирот на монументалните комунистички споменици кои и денес може да се видат во Кина. Моделите се премачкани со кал, сребрен и златен спреј, упатувајќи на промените од револуционерното минато, денешната модернизација и иднината која со нетрпение ја чекаме. Авторот се претставил како минувач, набљудувач на спомениците.
present_wang_2001
future_wang_2001

past_wang_2001

Preincarnation no.1, 2002

preincarnation_no.1_2002

Во China Mansion е сумиран начинот на кој Wang ја гледа Кина во тековниот процес на глобализација. Кинезите се возбудени од доаѓањето на странски експерти по економија, технологија, архитектура, кои ќе ја подобрат ситуацијата во земјата. Но, поради ваквите одлуки се создава уште поголема социјална контрадикција. Во ова дело неколку модели ја играат улогата на странците и имитираат држење од сликите на Manet, Rembrandt, Rubens. Просторијата е исполнета со кинески, но и антиквитети од западот.

China Mansion, 2003
cm_3
cm_2
china_mansion_wang_2003

Ова дело се фокусира на моќта на рекламите и заблудите кои тие ги произведуваат. На огромниот билборд изграден во студиото, повеќе од 20 луѓе се борат за што подобро место за нивната реклама.

Commercial War, 2004
commercial_war_2004

Археологот е снимена во 3 на 8 метри голема дупка каде 30 голи модели се прекриени со кал, а авторот го игра археологот кој ги истражува останките. Ова е рефлексија на ставот на Wang кој денешните луѓе ги смета за мртви во умот и душата, и вели дека треба да се прегледа нивното постоење.

Археолог, 2004 
archaeologist_2004

Студентски дом, 2005
dormitory_2005

Ноќна патрола, 2005
night_patrol_2005

Славење на надежта, 2007
the_glory_of_hope_wang_2007
- Реклама -