Светот си избра претседател на сите

Хозе Мујиха, претседател на Уругвај од 2010 до 2015 година, стана познат како најсиромашниот претседател во светот, откако сите медиуми постојано го следеа неговиот скромен и човечен начин на живот.

Во видеото тој дава краток совет за животот и она од кое секојдневно се лишуваме – слободата.

„Сами создадовме планина од вишок потреби. Купуваме ново, го отфрламе старото. Тоа е трошење на животот. Кога нешто ќе купите, не го плаќате со пари. Го плаќате со часовите кои сте ги потрошиле работејќи за да ги заработите тие пари. Разликата е во тоа што вашиот живот е единствената работа која не можете да ја купите. Животот само станува пократок. И жалосно е кога човекот така си го троши животот и слободата.“

Прочитајте многу повеќе за него.

Запознајте го најсиромашниот претседател во светот

- Реклама -