Експерименталниот оддел на Google наречен Google Labs во изминатава година ни прикажа неколку навистина неверојатни софверски апликации. За потсетување, Google Sky Map се концентрира на астрономијата додека Google Earth сателитски ја прикажува планетата Земја. Со Google Goggles, „лабораторијата“ на Google се враќа кон своите корени и го насочува компанискиот фокус кон корените на Google – софтверот за пребарување.

Со популаризацијата на мобилните телефони, денешните најиновативни апликации се достапни само за нивните оперативни системи. На прв поглед, функционалноста на Google Goggles изгледа навистина едноставно. Сликате нешто со камерата од вашиот мобилен телефон и оставате Google Goggles да ја скенира таа фотографија и да најде информација за тој предмет.
[Google Goggles]