Светот има нов херој: Прекршил строго религиско правило за да му помогне на повредено момче

Харман Синг преќу ноќ стана планетарно популарен, заради неговиот несебичен гест кој трогна многумина.

22-годишниот Синг припаѓа на религијата на Сиките и носи турбан. Во сикизмот постои строго религиско правило кое забранува симнување на турбанот во јавност. Но, Синг без многу разсмислување го прекршил истото, за да му помогне на едно повредено момче.

Сé се случило додека седел дома и слушнал силно чкрипење на автомобил. Веднаш истрчал на улицата и го забележал повреденото дете.

„Го видов детето како лежи, а една жена го придржуваше. Главата му крвареше. Го симнав турбанот и му го подметнав на детето под главата“, раскажува Синг. Тој рече дека воопшто не ни размислувал за турбанот. „Мораше да стави нешто под главата бидејќи многу крвареше. Мојата работа беше да му помогнам, а верувам дека секој би го направил истото“, изјави 22-годишникот, веројатно помалку и зачуден околу обемот на слава што го снајде за една ваква обична постапка.

Mr-Singh[1]

 

- Реклама -