Со нашата опседност од технологијата, општество често не може да го разбере значењето на аскетизмот – зошто воопшто некој би сакал да се откаже својот имот и да живее како скитник?
Овие извонредни портрети на мажи во Бруклин, портретирани од страна на фотографот Џои Ел ги ставаат во прв план верските аскети, кои го посветиле животот во потрага по духовното ослободување.
Џои Ел го започнува своето патување од северна Етиопија. Тој е во потрага по монаси и свештеници.
Најновата фото-репортажа „Светите мажи“ го вклучува т.н. садху, живот во Варанаси, Индија – целосно посветен на медитација и самоодрекување. На овој начин тие се надеваат дека ќе постигнат Мокшаско искуство, четвртата и последна цел на животот на индуистите.
Сите светски религии вклучуваат одредени форми на аскетизам. Кај индуистите сепак се среќаваат можеби најсериозните ситуации на самоодрекување – на пример држење на раката во воздухот со месеци, дури со години.
Поголемиот дел од портретите се фокусираат врз агхорите – секта позната по своите посмртни ритуали. Некои на пример се покриваат со правот на покојникот, други медитираат врз трупови, а трети градат орнаменти од човечки коски.
„Агхорите имаат длабока врска со мртвите. За нив смртта не е гаден концепт. Таа едноставно е премин од светот на илузијата “, вели фотографот.
Погледнете го и видеото.