Тргнувајќи од тоа дека каде што има чад може да има и оган, сметавме дека е важно да го споделиме овој фејсбук коментар на тема загаденоста на воздухот во Скопје. Оставаме на вас да пресудите колку е релевантен и што ќе правите со него:
Во оваа држава се имаат создадено и ‘контраеколошки’ друштва кои се тука да нé трујат со научно погрешни тези кој тоа толку многу загадува! Затоа граѓаните, затруени од таа пропаганда, размислуваат вака:
„А бе јасно е што е проблемот, уништени зелени површини, на нивно место дигнати зградишта, изградени на непланирани места за станбени објекти.
Блокиран е ‘провевот’ на воздух низ населбите, нема веќе ветер како што имаше порано (а да се земе во предвид дека порано работеа повеќе фабрики, плус возилата си беа од ‘стариот’ квалитет, а не како сега модерните по сите, наводно еколошки стандарди)… Од сите страни, почнувајќи од градски ѕид, па сé до Влае сме загушени.
Затоа е воздухот ваков каков што е. Само, кога ќе им стане јасно дека сите сме во исти бубањ и дека сите го јадеме…“
Не е дека ова тврдење не е точно, туку загагдувањето од посочените причини е сосема маргинално во однос на она примарното!
А одговорот е толку прост! Во 2011 дадени се под концесија 20 депонии на странски фирми! И оттогаш почнува оваа голгота. Се знае кој ги држи отпадите по Европа! Згора на тоа, променет е Царинскиот законик, па сега е дозволен увоз на отпад! Па, луѓето се фрлиле на работа, увезуваат опасен отпад од цела ЕУ и тука го горат!
На пример, Италијанската фирма која ја превзеде Дрисла побрза да изгради 6 различни печки за горење на различен отпад уште во 2011 година, тие наголемо се користат секоја ноќ во пероидот од 23:00 до 1:00 што во потполност се совпаѓа со пиковите во загадувањето!!! Тоа се тие 700 микрограма ПМ10 по метар кубен, односно 14 пати поголемо од максималното дозволените… Кога ќе згаснат печките во Дрисла, за неколку часа ова загадување паѓа за некои 6-7 пати, па во просек тогаш имаме некои 100 до 150 микрограми по метар кубен – што е производ на латенцијата од примарното загадување на Дрисла во која почнуваат да влијаат сите други загадувачи!
Ако пак Дрисла не работи 2 до 3 дена… Во Скопје, во просек имаме загадување со ПМ 10 честици од 50 до 75 микрограми по метар кубен, и тоа е целото загадување на сите други освен Дрисла… Дали е сега појасно?
Еве погледнете и самите пресудете што се случува со загадувањето кога печките од депониите не работат пар дена:
Извор: Коментарите на ОВОЈ пост.
Во дискусијата можете да учествувате и ОВДЕ.