Сведоштво на Македонец за несреќата која се случи во близина на Лесоквац.
“Кога се разбудив, слушнав врескање, видов луѓе со крвави глави и раце и слушнав дека некој е мртов”, рече еден млад човек од Битола, еден од патниците од македонскиот автобус на линијата Битола-Виена, кој се преврте во Лесковац.
Во оваа страшна сообраќајна несреќа, тројца македонски државјани загинаа, а 32 лица се повредени.
На лице место загинаа маж и жена, а меѓу повредените има дете на возраст од година ипол. Четири патници има со потешки повреди и тие се хоспитализирани во Клиничкиот центар во Ниш, за среќа се надвор од животна опасност.
– Не знам кој ги повикаа Брзата помош и полицијата, но за брзо време пристигнаа неколку амбулантни возила, а лекарите влегоа во автобусот. Тие веднаш ни дадоа помош. Тогаш пристигнаа пожарникари, мислам дека дојдоа од Лесковац, и сите заедно не извлекоа од автобусот – рече еден млад човек од Битола кој ја повреди раката во несреќата.
Видео ТВ1