Лидија Младеновиќ, ќерка на сопственикот на продавницата за мебел „Зона мебел“, сведочеше за шопингот на „1тв“, поранешната телевизија на обвинетиот во „Рекет“ Бојан Јовановски – Боки 13.
„За набавката знаев дека Јовановски одбрал мебел за телевизијата, но дека ќе го компензирал со реклами. Сумата беше голема, не можеше сѐ со компензација. Потпишавме договор. Во февруари подигна гарнитура. Вкупниот долг што требаше да го плати, што не беше компензација, изнесуваше 296.000 денари. Ние не знаевме за каде му е мебелот, тоа го кажав и во Обвинителството. Договорот не е испочитуван. Ни компензација, ни плаќање на ратите за мебелот. Му пративме опомена пред тужба, па девојка дошла и оставила 2.750 евра како гаранција дека долгот за мебелот ќе се плати. Станува збор за долг за кожна аголна гарнитура, две кожни фотелји и масичка од брендот ’Калигарис‘“, сведочеше ќерката на газдата на „Зона мебел“.
ЈАС МУ ДАДОВ ДОНАЦИЈА И ПОЗАЈМИЦА НА БОКИ, МЕНЕ НИКОЈ НЕ МИ ПРЕФРЛИЛ ПАРИ, СВЕДОЧЕШЕ ЛИЛА НА „РЕКЕТ“
МАЈКА МУ НА БОКИ КУПУВАШЕ ВО МИЛАНО, ЈАС Ѝ ГО ДАДОВ МОЈОТ ПАСОШ ЗА ПОВРАТ НА ДАНОК, СВЕДОЧЕШЕ АПЕЛАЦИОНАТА СУДИЈКА МЕРИ ДИКА НА „РЕКЕТ“
Претходно, продавачката Весна Костовска од салонот „Пјер Карден Хоум“ за луксузен мебел и теписи, сведочеше дека обвинетиот Бојан Јовановски од таму купил само ТВ-комода.
При претресот кај Јанева пред да биде притворена, беше одземена гарнитура како доказ, под сомневање дека ја примила како поткуп од парите на пријавувачот Орце Камчев што му ги дал на Јовановски како рекет, за ослободувањето од притвор и давање времен пасош од Јанева во истрагата за „Империја“.
Судењето продолжува утре со изнесување материјални докази.