Во период кога болниците во земјава се полни како никогаш досега од почетокот на пандемијата и преку ротација се помагаат здравствените работници кои се при крај на силите, (дел од) граѓаните се впуштени во френетично славје.
Свадби, матурски и полуматурски вечери, па и роденденски прослави со дури и по 200 присутни луѓе, стануваат секојдневие, пишува „Слободен печат“, а за тоа сведочат преносите во живо на социјалните мрежи, но и многубројни видео материјали и фотографии од целата држава кои пристигнале до редакцијата на порталот.
На веселбите не се почитуваат никакви протоколи, а гостите се канат да се фатат на орото и да им покажат и на другите дека „не се плашат од короната“. Иронијата оди дотаму што на една од снимките, славеничка ја вади маската од џеб и ја користи како шамиче за да го предводи орото… ПОВЕЌЕ ТУКА.