Свадбени фотографии на неколку Целзиуса под нулата

Како ја замислувате совршената свадбена фотосесија? Судејќи според фотографиите споделени на интернет, најголемиот дел се одлучуваат за сцена од типот зајдисонце, природа, можеби шума, поле или плажа.

Сличен случај биле и Џош Морис и Морган Деј, пар од Тенеси, кои сакале да се фотографираат пред водопадите на Blad River. Водопадите ионака се прекрасни во било време од годината, но овојпат вљубениве не го очекувале тоа што ги дочекало.

Кога пристигнале таму, температурата се движела околу -3° Целзиусови, а водопадите биле… замрзнати.

Фотографот бил подеднакво изненаден, ама и воодушевен што ја има привилегијата да ги направи фотографиите што ги направил. Вели дека ете, сé во универзумот во тој момент се наместило во перфектна хармонија за да им честита на младите. Еве како изгледало.

 

- Реклама -