Бијонсе и Џеј Зи за прв пат одлучија да ја кренат завесата на приватниот живот.
Ѕвездената двојка им допушти на милионите обожаватели да ѕирнат во најинтимните моменти. Откако на почетокот на месец септември Бијонсе и Џеј Зи ги обновија брачните завети, сега тие одлучија да ја споделат брачната среќа со целиот свет. За инает на сите гласини за разделба. Пред неколку дена за време на последниот концерт од турнејата „On The Run”, додека кралица Би ја пееше заедно со нејзиниот сопруг песната Young Forever, на огромниот екран зад двојката се напиша „Ова е вистинскиот живот …” и започна проекција на 6- минутно видео од чиста љубов.
Краткометражниот филм ги претставуваше најскриените моменти од животот на ѕвездите – смешни моменти од паузите, свршувачката, нивната свадба, голата Би со бремено стомаче, првите чекори на Блу Ајви, силната љубов на Бијонсе и Џеј Зи кон ќерката.
Еве го и видеото: