Суви кајсии за здраво срце

Сувите кајсии содржат високо ниво на протеини, влакна, витамини, минерали и шеќери што ги прави идеална намирница за почеток на денот.

Го ублажуваат стресот и го регулираат варењето

Магнезиумот, минерал со кој изобилуваат сувите кајсии, го ублажува стресот, додека витаминот Б ги зајакнува нервите. Ова овошје е одлично и за лицата кои страдаат од зголемен холестерол затоа што може да ги замени грицките што содржат високо ниво на масти. Сувите кајсии го подобруваат и варењето на храната.

Го чуваат срцето

dried-apricots

Сувите кајсии содржат големо количество калиум, минерал кој е важен за нормална работа на сите мускули, а особено на срцевиот. Само пет суви кајсии задоволуваат една петина од потребите на организмот за овој минерал и значаен дел од потребите за железо. Витаминот Ц, пак, го олеснува апсорбирањето на железото, што е важно за анемичните лица.

Прочитајте и:  Повеќе од 10 часа седење и лежење може да го ослаби срцето

Која е разликата меѓу суви и свежи кајсии?

100г суви кајсии содржат:
63 г јаглени хидрати
53 г шеќер
0,5 г масти
3,4 г протеини
2,7 мг железо

kajsii

100 г свежи кајсии содржат:
11 г јаглени хидрати
9 г шеќер
0,4 г масти
1,4 г протеини
0,4 мг железо

Во сувите кајсии има 21% вода што овозможува во тегла да се чуваат до три месеци, а во хартиена ќеса до шест месеци.

- Реклама -