Фудбалерите на францускиот првак ПСЖ, Рандал Коло Муани, Усман Дембеле, Ашраф Хакими и Лајвин Курзава, се суспендирани еден натпревар поради хомофобични пораки, објави денеска Професионалната фудбалска лига (ЛФП), под чија надлежност е клупскиот фудбал во земјата.
Муани, Дембеле, Хакими и Курзава се казнети поради инцидент што се случи на 24 септември кога по триумфот над Олимпик Марсеј (4-0) заедно со навивачите пееја навредливи песни упатени кон клубот од Марсеј.
Казнет е и ПСЖ со затворање на трибината на која се лоцирани најверните навивачи на парискиот клуб на два натпревари, од кои едниот условно.
ПСЖ соопшти дека казната е преголема, но оти нема да се жали на одлуката на ЛФП.
МИА