Јапонскиот кајакар Јасухиро Сузуки е суспендиран на осум години откако се откри дека намерно го допингувал ривалот на националните натпревари во септември.
На својот конкурент во јапонското првенство – Сеиџиџу Комацу, Сузуки во пијачката му ставил анаболички стероид, поради што подоцна Комацу паднал на допинг тестот, соопштува јапонската антидопинг агенција.
Но Комацу, иако докажано позитивен на тестот, упорно негирал дека користел било какви недозволени супстанци, по што била покрената истрага. Наскоро истрагата му влегла во трагата на Сузуки, па не му требало многу време да признае дека ја „зачинил“ пијачката на конкурентот.
Целата поента на потегов на Сузуки била да учестува на олимписките игри во 2020-та година кои ќе се одржат во Токио, Јапонија (на негов домашен терен). Но, сега, поради суспензијата, не само што ќе ги пропушти нив, туку ќе ги пропушти и Игрите во Париз 2024-та.
Во меѓувреме, минута молк за сите спортисти што биле позитивни на допинг тестови, а всушност биле наместени. Само бог знае (така да се изразиме) колку ги има такви.