Испарувањето на детергентот и омекнувачот до кое што доаѓа поради сушење на облеката на радијатор, предизвикува зголемен ризик од појава на алергии.
Инаку, експертите велат дека покрај радијаторот секогаш треба да се чува сад со вода, бидејќи во спротивно воздухот се суши, а тоа негативно влијае на слузокожата на дишните органи која станува толку сува што привлекува различни алергии и причини за разни инфекции.
Истотака се покажало дека сушењето на гардеробата во становите го зголемува нивото на влагата за 30 отсто и дека со себе повлекува зголемен ризик од астма и алергии на кои посебно се изложени најмладите.
Покрај предупредувањето на експертите дека за сушење на облеката треба да се пронајде алтернативен начин, домаќинствата не се откажуваат од старите методи.
Според податоците три четвртини од стотина испитани домови имале влага и бактерии, па истражувачите сметаат дека е неопходна промена.
Симтомите на инфекција на дишните органи се бројни – кашлање, хроничен замор, иритација на очите, грлото и кожата, главоболка или мачнини.