Сусамот е природен извор на здравје

Сусамот e старо растение кое веќе 5.000 години се одгледува и користи во исхраната. Порано се мислело дека нема некој посебен ефект, но денес научниците сè повеќе го потврдуваат спротивното.

Сусамот е билка која расте во висина до 2 метри. Цветовите на сусамот можат да бидат различно обоени, а семките можат да бидат бели, кафеави и црни. Луѓето го користат најчесто како зачин на исхраната бидејќи дава посебен и специфичен вкус.

Во последните 2 децении сусамот и маслото од сусам направија вистински бум бидејќи се направија и истакнаа бројни корисни истражувања во врска со него.

Регулација на крвниот притисок

Според научниците маслото од сусам е одлично во борбата со високиот крвен притисок, го намалува систолниот и дијастолниот притисок, а ги намалува и маснотиите во крвта.

Прочитајте и:  Три најздрави намирници за мозокот, според лекарите

Намален ризик од карцином

Според досегашните истражувања сусамот има одлични елементи кои се борат против појава на малигно ткиво и е најделотворен во борбата против рак на:

  • Простата
  • Дојка
  • Бели дробови
  • Панкреас
  • Коски

Здрава кожа

Научниците повеќепати истакнале дека сусамот има значително количество витамин Е, па така маслото од сусам е одлично против стрии и ја одржува кожата здрава и нежна.

Објавено во соработка со За Здравје.

- Реклама -