Суровата вистина за судбината на дивите животни во кафез

Уличниот уметник ROA е познат по своите импресивни мурали, кои ги создава најчесто врз нестандардни површини откриени на различни места низ светот. Очигледениот  талент го носи во Белгија, каде што е поканет да земе учество во популарен фестивал за улична уметност.

Од искусниот уметник се очекува да создаде интересни монохроматски слики на непопуларно платно за цртање. Резултатот бил жирафа, дивокоза и мечка кои што „коегзистираат” со други животни на надворешниот дел на бродски контејнери, а сето тоа претставено на  толку реалистичен начин што при глетката човекот може да го доживее нивното „едрење на отворени води“.

За масивното дело биле потребни 9 контејнери, од кои седум биле поставени еден врз друг. Останатите два служат како основа на композицијата и ја вртат масата правоаголни предмети од кои што животните бараат излез.

Збеснатиот носорог „ги тресе“ темелите на целата структура, додека неговите нозе се врзани со синџири што се обидуваат да го вратат во железната ќелија.

Горниот дел на композицијата „крие“ уште четири животни кои сепак се заглавени во принудениот дом.

Тој преку ова зборува за една од најконтроверзните теми во современиот свет – одгледувањето на диви животни зад решетки.

surovata-istina-za-sadbata-na-divite-zhivotni-v-kletka 1354212_600_ 1354211_600_ 1354210_600_ 1354209_600_ 1354208_600_ 1354207_600_

- Реклама -