Која храна се смета за „суперхрана“?

Иако не постои официјална дефиниција, суперхраната е огромен нутриционистички енергетски извор кој содржи голема количина на антиоксиданси, полифеноли, витамини и минерали. Јадењето на оваа т.н. суперхрана го намалува ризикот од хронични болести и го продолжува животот.

Домати

Доматите се богати со ликопен – антиоксиданс кој ретко се наоѓа во друга храна. Истражувањата покажуваат дека може да ја заштити кожата од штетните УВ зраци, претставува превенција од одредени видови на рак и го намалува нивото на холестерол. Доматите исто така содржат високо ниво на калиум и витамин Ц. Доматите комбинирајте ги со друга храна од групата на суперхрана како што е на пример авокадото.

Боровинки

Боровинките се полни со фитонутриенти кои ги неутрализираат слободните радикали (предизвикувачи на стареење и оштетување на клетките). Антиоксидансите во боровинките исто така можат да заштитат од рак и да ги намалат ефектите на состојбите кои се последица од староста како што се Алцхајмеровата болест или деменцијата. Наместо само да ги измешате во јогурт, комбинирајте ги во различни торти и колачи.

Кељ

Кељот е многу добра конкуренција на спанаќот. Содржи фитонутриенти кои ја намалуваат можоста за појава на рак, вклучувајќи го и оној на гради и матка. Иако научниците сѐ уште истражуваат како тоа се случува, веруваат дека фитонутриентите во кељот го стимулираат црниот дроб да произведува ензими кои ја неутрализираат супстанцата која е потенционален предизвикувач на рак. Збогатете го вкусот на кељот со карамелизиран кромид или густ сок од домати.

Прочитајте и:  Тиквата е полна со антиоксиданси и богата со влакна кои го стабилизираат нивото на шеќер

Брокула

Зеленчуците како што е брокулата содржат фитонутриенти кои го потиснуваат растот на туморите и го намалуваат ризикот од рак. Една чашка од овој зеленчук ќе ве снабди со потребната дневна доза од витаминот Ц и голем процет на фолна киселна. Брокулата се препорачува да се конзумираат како салата.

Лосос

Лососот содржи омега-3 масни киселини кои организмот не може да ги произведе самостојно. Овие масни киселеини го намалуваат воспалението, ја подобруваат циркулацијата, го подобруваат соодносот на добриот и лошиот холестерол и можат да помогнат против ризикот од рак. Лососот е богат извор на селен, кој е одлична превенција од оштетување на клетките, како и извор на неколку Б витамини. Најважно за лососот е да е добро приготвен. Се јаде во секоја комбинација.

Овес

Полн со расителни влакна, овесот е одличен извор на магнезиум, калиум и фитонутриенти. Содржи посебен вид на растителни влакна кои помагаат во намалувањето на холестеролот и превенираат од срцеви болести. Магнезиумот го регулира нивото на шеќер во крвта. Научниците заклучиле дека јадењето на цели овесни зрна може да го намали ризикот од дијабетес тип 2. Овесот е добар доколку се приготви во вид на овесни колачиња.

Објавено во соработка со За Здравје.

- Реклама -