Суперхероите меѓу нас (видеа)

1229865538.jpg Луѓе со натприродни способности не постојат само на филм. Има и такви меѓу нас, овде во реалноста. Иако живеат нормален живот, нивните способности се далеку од нормалното. Погледнете 10 такви луѓе.

Луѓе со натприродни способности не постојат само на филм. Има и такви
меѓу нас, овде во реалноста. Иако живеат нормален живот, нивните
способности се далеку од нормалното. Погледнете 10 такви луѓе.

Неверојатниот мозок – Daniel Tammet

Daniel Paul Tammet е Британски аутистички савант со неверојатна способност за математички калкулации, меморија и учење на странски јазици.
Тој бил роден со детска епилепсија. Во неговиот ум, тој вели, секој број до 10.000 си има своја форма и чуство и тој може да ги „види“ резултатите на калкулациите како слики, а истотака и тој може да „почуствува“ дали бројот е прост или сложен. Тој визуелната слика на бројот 289 ја опишува како грда, 333 како атрактивна, а бројот Пи како убава. Тој истотака црта, најчесто со водени бои и најчесто прави слики на бројот Пи. Tammet го држи европскиот рекорд за меморирање и набројување на 22.514 цифри на бројот Пи, за само 5 часа. Зборува англиски, француски, фински, шпански, литвански, романски, естонски, исландски, велски и есперанто. Тој измислува нов јазик, наречен Manti. Тој може да научи нов јазик за многу кратко време. За да го докаже ова на еден документарец, бил предизвикан да научи исландски за една недела. Седум дена подоцна се појавил на исландска телевизија зборувајќи исландски.
За подобро запознавање со неверојатниот Daniel Paul Tammet погледнете го видеото:

                                          {youtube}AbASOcqc1Ss&eurl{/youtube}

Момчето со сонарен вид – Ben Underwood

sonar_visiion.jpg

Ben Underwoodtaught е слеп, двете негови очи се извадени(од рак).
Но сепак, тој игра кошарка, се вози на велосипед и живее сосема нормален живот. Тој се научил себеси да користо ехо локација за да се навигира во светот. Без кучиња – водачи, на него не му треба ниту раце: тој користи звук. Тој испушта мал звук кој се одбива од објектите и неговите уши го „прифаќаат“ ехото, со што се праќа информација на мозокот за тоа каде се наоѓаат истите. Тој е единствениот човек на светот кој „гледа“ со помош на ехо локација, како на пример, делфините.
                                        {youtube}qLziFMF4DHA&eurl{/youtube}

Гуменото момче – Daniel Browning Smith

 

rubbewr_man.jpg

Со 5 Гинисови рекорди, Гуменото момче е најфлексибилниот жив човек.
Тој бил на многу кошаркарски и бејзбол натпревари, во The Tonight Show со Jay Leno, ESPN’s Sports Center, Oprah Winfrey, Ripley’s Believe It or Not, Cirque du Soleil, Best Damn Sports Show Period, The Discovery Channel, Men in Black 2, HBO’s Carnivale и во сериите CSI: NY и American got a talent.
Тој може да ги дислоцира своите раце и да го собере во тениски рекет(без мрежа, нормално). Еве дел од неговите акробации:
                                       {youtube}N83EubLqEIQ&eurl{/youtube}

 

Човекот кој јаде се – Michel Lotito
 
jade_se.jpg

Michel Lotito, роден во 1950, е француски забавувач познат по тоа што конзумира недигестивни работи, стекнувајќи го името Monsieur Mangetout (човекот кој јаде се).
Неговите изведби вклучуваат конзмумирање на метал, стакло, гума, па дури и велосипеди, телевизори, Цесна 150 и помали работи, кои се исечени на парчиња па проголтани. Му биле потребни цели 2 години да изеде авион, од 1978 до 1980. Почнал да јаде необични работи како дете, а почнал да изведува точки од 1966. Lotito не пати често од болести поради неговата диета, па дури  и по конзумирањето на материјали кои се сметаат за отровни. На неговите изведби тој јаде околу 1 кг материјали, притоа пиејќи многу вода.
                                         {youtube}h6Pl2-lx12A{/youtube}

 

Кралот заб – Rathakrishnan Velu
 
zab.jpg

На 30 август 2007, на вечерта на Денот на независноста во Малазија, Rathakrishnan Velu го собори соптсвениот рекорд на влечење воз со заби, овојпат со 6 вагони кои тежат 297.1 тон.
Rathakrishnan Velu од Тампин, Малазија ја научил техниката која му овозможува да ги концетрира неговите моќи на било кои дел од телото од индиски гуру, на 14 годишна возраст.

Прочитајте и:  Три најздрави намирници за мозокот, според лекарите

                                      {youtube}Ap-k4Qbt1B0&eurl{/youtube}

 

Човекот магнет –  Liew Thow Lin
 
magnet.jpg

 

Liew Thow Lin , 70 годишен пензионер од Малазија, штотуку беше на вестите како влече кола. Колата ја влечеше со синџир, кој беше закачен на железна плоча, која пак беше залепена на неговиот стомак. Да, залепена.
Овој човек неговата способност(да „лепи“ предмети на неговото тело)ја открил отако читал за некое семејство во Тајван кое ја има таа моќ, па решил и тој да се обиде. Земал неколку предмети и ги ставил на неговото тело и изненадно, предметите не паднале. Оваа моќ ја имаат и тројца од неговите синови и две негови внуци.

Човекот кој не спие – Thai Ngoc
 
ne_spie.jpg

 
 
64 годишниот Thai Ngoc вели дека откако добил треска во 1973, тој неможе да заспие. „Инсомнијата ако имаше ефект врз моето здравје, ќе знаев за тоа. Јас се чуствувам добро и живеам како и сите останати“ – вели тој. Неговата сопруга вели дека тој порано спиел нормално, но сега ниту алкохолот неможел да го заспие. Неговото здравје е сосема во ред, освен што има мал проблем со дробот. Ngoc моментално живее на фарма, чувајќи свињи и кокошки преку целиот ден. Неговите 6 деца живеат во куќата која ја имаат во Que Trung(источен Виетнам).
Тој често работи и екстра фармерска работа или ја чува истата. Вели дека искористил 3 месеци од неспиени ноќи за да ископа 2 големи езера за да одгледува риби.

Кралот на тортурата – Tim Cridland
 
tortura.jpg

 
  

Tim Cridland не чуствува болка како останатите луѓе.
Тој ги вчудовиди сите со ставање на игли во неговите раце без притоа да испушти никаков звук и сега има свои перформанси на кои изведува опасни точки, низ цела Америка. Тој објаснува дека со користењето на мозокот над материјата тој ги прави овие неверојатни работи, како на пример, голтање шрафови. Овој човек исто така може да издржи и екстремни ладни, како и екстремно топли температури без притоа да има ефекти на неговото здравје.
За да ги прави сите овие работи, тој многу внимателно ја проучил човечката анатомија, зато што ако пробие артерија во некоја од неговите перфоманси, може да биде фатално.

Човекот кој шепоти со лавовите – Kevin Richardson
 
lion_visper.jpg

 

Kevin Richardson вели дека се потпира само на инстинкт и со тоа тој ги „придобива“ срцата на големите мачки. Овој човек воспоставува специјална врска со нив, поминувајќи понекогаш и цела ноќ галејќи ги, без ниту доза страв. Неговата магична работа не „работи“ само кај лавовите, туку и кај леопардите, гепардите па дури и со хиените. Лавовите се негови омилени и е  чудо како тој си игра со нив – животни кои се способни со нивните остри заби да пробијат низ тенок челик.

За многумина опасна работа, но за Kevin тоа е пасија.
                                          {youtube}nNdi9n_U37Y&eurl{/youtube}


Човекот на кого му излегуваат очите – Claudio Pinto

 
oko.jpg

 

Claudio Pinto е човек кој може да ги „извади“ своите очи 4 цм, или 95% надвор од нивните џебови.

Тој се обидува да направи светски рекорд. Докторите велат дека тие никогаш не виделе вакво нешто, човек на очите му се поместуваат надвор толку многу. Claudio Pinto, од Belo Horizonte, Португалија, вели дека ова е дар од Бога.
“Приличен лесен начин на заработка, се чуствувам благословен“

- Реклама -