Во последните 5 години, Галеријата на челични фигури во Пружков, Полска, поканува уметници од целиот свет да учествуваат во заеднички проект – претворање на старо железо во уметност.
Меѓу другото, користејќи метал од локалниот отпад, овие уметници имаат направено реплики на Mercedes 300 SL, Bugatti Veyron, Lamborghini Aventador, Maserati GranTurismo и Ferrari 250 GTO.
Посветеноста на деталите и прецизното реплицирање на оригиналите е највидливо во фотографиите од ентериерот на автомобилите, облините на истите, како и изложениот мотор на Bugatti-то.
Освен суперавтомобилите, галеријата располага и со широк спектар на реплики од познати ликови и фигури од поп-културата. Ќе ги најдете на официјалниот сајт.