Супер таен форензички софтвер достапен за јавноста

софтверПризнајте дека барем еднаш во животот сте фантазирале дека сте на местото на форензичарите од CSI сериите кои користат супер јака технологија за да ги решат монструозните злочини. Епа, сега имате можност и да бидете на нивно место бидејќи на Интернет некако се најде супер тајниот софтвер на Мајкрософт за форензичка анализа на компјутерите.


csi-william-petersenПризнајте дека барем еднаш во животот сте фантазирале дека сте на местото на форензичарите од CSI сериите кои користат супер јака технологија за да ги решат монструозните злочини. Епа, сега имате можност и да бидете на нивно место бидејќи на Интернет некако се најде супер тајниот софтвер на Мајкрософт за форензичка анализа на компјутерите.

Прочитајте и:  Мајкрософт лансира десктоп компјутер од 349 долари со Windows 11

Computer Online Forensic Evidence Extractor или скратено COFEE навистина е првенствено наменет за полицајците-форензичари, а овој мал софтвер овозможува лесно и брзо пребарување по компјутерите на осомничените. Бидејќи „тежи“ само 18 MB може да се носи на USB и брзо да ги најде сите проблематични фајлови, па дури и оние избришаните и скриените. Ќе ви помогне да ги откриете трагите од сајбер криминал, детска порнографија, онлајн измами од секаков вид и други недозволени активности. Побарајте го по торентите овој софтвер, ставете значка и испробајте ги вашите форензички вештини на најблиските. Или подобро не го правете тоа – којзнaе што сè ќе откриете.

- Реклама -