Една јапонска компанија што произведува лифтови ги опреми своите модели со копче за повик што можете да го притиснете со нога. Јапонските медиуми се воодушевени, нарекувајќи го Ваквиот потег „толку едноставен, а сепак толку многу практичен“. Оваа „несекојдневна“ опција им овозможува на корисниците да го користат лифтот и кога рацете им се зафатени. На пример, се враќате од продавница со преполни ќеси во секоја рака. Веќе нема потреба од „ризични“ маневри со цел да ја ослободите раката, туку се што треба е да го притиснете копчето за повик со врвот од чевлата. А штом ќе го повикате, на истиот начин ќе можете и да го изберете спратот до кој сакате да одите.
Едноставно мора да се запрашаме: Како на никој не му текна порано?