Супер напиток против лош здив и непријатен мирис на пот

Правилното функционирање на системот за варење е тесно поврзано и многу важно за свежината на здивот, како и за мирисот на потта. Неправилното пак, е една од главните причина за лошиот здив и интензивниот мирис на пот. За да го вратите дигестивниот систем во „колосек“ и да се ослободите од непријатните мириси кои настануваат како резултат, ви го препорачуваме следниов напиток:

Состојки:
– 2 јаболки
– 5 листови свеж кељ
– 1 магдонос
– сок од 1 лимон
– 1 парче ѓумбир

Подготовка и употреба:
Состојките добро измијте ги во ладна вода и ставете ги во блендер. Добро измиксајте ја содржината и напитокот е готов. Пијте го наутро на празен стомак или меѓу оброци.

Прочитајте и:  Природни решенија за лош здив: Еве како да ја вратите свежината
- Реклама -