Доколку практикувате во вашата секојдневна исхрана да внесувате семки, тогаш ќе можете на многу начини да го подобрите своето здравје. Како особено битно во исхраната го издвојуваме лененото семе, кое игра значајна улога во спречувањето на различни болести, особено карцином, дијабетес тип 2 и кардиоваскуларни болести.
Лененото семе е еден од најбогатите извори на масни киселини кои ја разредуваат крвта и го намалуваат ризикот од формирање тромбови. Добар извор е и на магнезиум, фосфор, бакар, тијамин, манган и диетални влакна. Помага за добро варење на храната и за одржување на здравјето на дигестивниот систем.
Се користи како лек против воспаление на слузокожата на устата, желудникот и цревата. За проблеми со варењето треба да земете по две лажици дневно. Се препорачува да го употребувате сомелено бидејќи на тој начин можете да ги искористите неговите лековити својства. Можете да го додадете во салати, житни снегулки, мусли, колачи, леб или печива.
Ленено семе е еден од најголемите извори на природни целулоза и незаситени масни киселини омега-3, омега-6 и омега-9, и содржи 27 различни анти-канцер состојки. Може да се консумира во вид на чај или ленено семе.
Има многу растителни влакна, може да спречат запек поради тоа што има лаксативно дејство, а тоа може да ви помогне да јадете помалку бидејќи тоа го забавува варењето на храната, така што ќе се чувствувате помалку гладни до следниот оброк. Се препорачува секое утро да го почнете со лажица ленено семе.