Иако беше најавен само како концепт на саемот за автомобили во Женева, Porsche 918 Spyder веќе има 900 кандидати кои чекаат да станат негови сопственици доколку тој доживее сериско производство. Нема официјална потврда дека тоа ќе се случи, но од компанијата велат дека одлуката за производство „ќе падне“ кога бројката на заинтересирани потенцијални купувачи ќе достигне 1.000.

„Потребни ни се 1.000 сериозно заинтересирани купувачи.“ изјавиja од компанијата, додавајќи дека досега има речиси 900 потенцијални купувачи. Тешко е да се замисли дека таа бројка нема до порасне до 1.000. Сепак, станува збор за автомобил со 3,4 литарски мотор со 500 коњски сили и сет од три електромотори кои даваат дополнителни 218 коњски сили. Автомобилот постигнува брзина од 320 km/h и може да помине 25 километри само на електрична енергија. Сè уште не се зборува за цената на автомобилот, но може да се претпостави дека таа ќе биде многу висока.
{youtube}a6vIjHVbkUs{/youtube}
[Porsche 918 Hybrid Supercar Inches Closer to Production]