Супер апликација: Погледнете како изгледате во очите на вашето куче

Повеќето луѓе не знаат дека кучињата немаат толку добар вид, како нас. Истовремено – постојат бројни лажни тврдења и недоразбирања во врска со начинот на кој што нашите најдобри пријатели го гледаат светот околу себе. Сега, благодарение на една мала веб апликација создадена од The ​​Next Web, ќе може да се погледне низ очите на четириножните пријателчиња.

За инает на популарните тврдења, кучињата всушност не го гледаат светот во црно-бело. Нивната визија е слична со онаа на луѓето со црвено-зелено слепило.

Постојат меѓутоа и други разлики со нас. На пример, кучињата имаат пониска чувствителност на осветленоста и различните нијанси на сива боја.

Dog Vision се обидува да ги земе во предвид сите овие фактори. Едноставно закачете ја фотографијата што ја сакате, и само по неколку секунди апликацијата ќе ви покаже како кучето би ја видело оваа сцена .

Вие:

dogc1

 

Кучето:

dogc2

 

Според истражувањето објавено во Psychology Today, кучињата се кратковиди. Тие едвај разликуваат предмети на 6 м од нив.

Вие:

dogc3

 

Кучето:

dogc4

 

Кучињата ги разликуваат различните нијанси два пати полошо од нас.

Вие:

dogc5

 

 

Кучето:

dogc6

Не заборавајте да прикачите ваша фотографија, направете го тоа ТУКА.

- Реклама -